сабота, 27 јули 2024

Ловџии спасија маж нападнат од мечка – ВИДЕО од разговорите со повредениот човек и со ловџија

Центарот за управување со кризи – ЦУК соопшти дека ловџии спасиле возрасен маж од мечка, која го нападнала. За повредите сведочи фотографијата што ја сподели ЦУК. Повредениот човек го посети директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов и сподели две видеа – негов разговорот со повредениот човек и со еден од ловџиите.

Објавено на

часот

Сподели

„Во текот на вчерашниот ден помеѓу селата Пласница и Ораоец, во Општина Македонски Брод, мечка нападнала возрасен човек кој бил спасен од ловџии кои случајно биле на лов во близина на местото на нападот. Откако ги слушнале повиците за помош испукале неколку истрели во воздух по што мечката побегнала. Нападнатиот маж беше силно преплашен. Се здобил со телесни повреди од нападот“, соопшти ЦУК.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов сподели видео запис од неговиот разговор со повредениот човек.

Видео запис и од разговорот со еден од ловџиите.

ЦУК сподели и видео инсерти на кои може да се видат последиците од нападот на мечката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ