четврток, 26 декември 2024

Лошо изведен ремонт, ТЕ Битола 2 е исклучен од мрежа

Термоелектраната  „Битола 2“ е исклучена од електроенергетската  мрежа со одлука на стручен тим на РЕК Битола поради потреба од интервенција врз собирникот и транспортерот за несогорени фрагменти од јагленот, при процесот на производство на електрична енергија. Овој застој е последица на неквалитетно и нецелосно извршените ремонтни активности врз термоблокот, кои ги реализираше претходното раководство на комбинатот, соопшти ЕСМ.

Објавено на

часот

Сподели

„Благодарение на брзата интервенција на вработените, не е направена сериозна штета, а по чистењето на овој дел, капацитетот се очекува да биде вклучен и синхронизиран  на мрежа, во текот на утрешниот ден, или најдоцна до задутре во раните утрински часови.

За да биде појасно,  доколку компонентите во системот за собирање на остатоците од несогорениот јаглен функционираа соодветно и доколку врз нив беше направен  редовен ремонт, постоеше можност да се интервенира без потреба од целосно исклучување на блокот. За жал, и во текот на редовниот ремонт на ТЕ Битола 3, истите компоненти не подлегнале на соодветна техничко технолошка нега. Ова е само уште еден доказ за неодговорниот однос на поранешното раководство кон еден од стратешки најважните државни капацитети.

Во повеќе наврати во јавноста, новото раководство на АД  ЕСМ укажува дека поради лошите ремонти на ТЕ Битола 2 и ТЕ Битола 3 можни  се состојби кои би довеле до исклучување на постројките. ТЕ Битола 1 е во функција, но неговата доверливост не е на оптимално ниво од причина што воопшо не подлегнал на ремонт во годинава што изминува, иако според планот за активности, тоа  требаше да се реализира во март, односно по завршувањето на минатата грејна сезона. Новите раководства во АД ЕСМ и подружниците на компанијата, заедно со вработените, вложуваат значителни напори за обезбедување на континуирана приправност за да обезбедат стабилност во производството на електрична енергија во текот на зимскиот период“, се вели во соопштението на ЕСМ.

 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ