понеделник, 21 октомври 2024

Лошо деби на Муслиу за Падерборн, доби црвен картон во осмата минута

Објавено на

часот

Сподели

На гостувањето кај Гројтер Фурт, Муслиу го имаше официјалното деби за Падерборн, но тоа траеше само осум минути бидејќи македонскиот фудбалер беше исклучен поради опасен старт.

Судијата прво му покажа жолт картон, но ситуацијата беше прегледана и со ВАР, по што Муслиу беше исклучен.

Противничкиот играч, Армундо Зиб мораше да го заврши мечот поради повреда која му ја нанесе Муслиу со опасниот старт.

Падерборн загуби со 5-0.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ