Навивачите на Манчестер јунајтед во неколку наврати протестираа против семејството Глејзер, сметаат дека сопствениците од САД го кочат развојот на клубот и се виновни што „ѓаволите“ заостануваат зад ривалите од Премиерлигата.
Тие се израдуваа на вестите дека клубот е ставен на продажба, но вечерва добија разочарувачки информации.
Голем број на извори пренесуваат дека Шеикот Јасим се повлекол од намерата да го купи клубот од Олд Трафорд. Катарците понудија речиси 5 милијарди фунти и да го исчистат долгот на Манчестер јунајтед, но семејството Глејзер бараше повеќе (се шпекулира дека го проценуваат клубот на 6 милијарди фунти) па зделката пропадна.
Сер Џим Ратклиф останува во игра, но се шпекулира дека тој сега е заинтересиран само за 25% од клубот, со што семејството Глејзер ќе задржи мнозинска контрола врз клубот.