недела, 20 октомври 2024

Лоша вест: судбината ќе ни ја кројат Скандинавците

Објавено на

часот

Сподели

Македонија ќе мора да навива за „викинзите“ во пресметката со Данска, но и да стравува од „пријателски меч“, со оглед дека историјата на спортските пресметки на двете селекции секојпат важеле за однапред предвидливи. Фудбалското Евро 2004, кога ја елиминираа Италија во групата со ремито 2-2, е само еден од низата такви дуели на пријателска база.

Но за да дојде до таква шанса, Шведска да мора да ја победи Данска за да ја остави Македонија во игра, а ќе мора најпрво и Полска да слави над Германија, но со ограничување – не смее со повеќе од два гола разлика. Калкулациите остануваат, поедноставната варијанта ја скрати Германија со поразот од светскиот вицепрвак, но си ги задржа шансите против Полјаците да ја обезбедат другата виза. Победа на Германците ќе значи дека в среда во другите два дуели нема да има неизвесност.

Потешката варијанта за наш пласман понатаму ја олеснува фактот дека против Србија ќе имаме „полесна задача“ затоа што соседот е веќе пласиран. Марко Вуин со пет гола беше најдобар стрелец, а одново Дарко Станиќ, голманот на Металург беше клучен со 16 одбрани. Ким Екдал Ду Риц со осум гола беше прв играч на Швеѓаните, а Јохан Сјостранд собра 18 одбрани.

Светскиот вицешампион Данска ја победи Германија со 28-26 и од тотално загубена ситуација се најде како втор фаворит за полуфинале.

Германија стигна до негатива од еден бод, 23-24. Но, тука застанаа. Шест минути без даден гол, Данска знаеше да го искористи лошиот момент на противникот, за да обезбеди два гола предност, а Егерт Јенсен со седмерец на минута и пол погоди за триумф. Никлас Ландин имаше вечер слична на Борко Ристовски, одбрани 16 удари, а Егерт Јенсен даде седум гола и беше прво име кај Данците. Ханс Линдберг даде пет гола. Кај Германците дури четворица имаа по четири гола, Уве Геншајмер, Криштоф Тоеркауф, Ларс Кауфман и Михаел Хаз.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ