Нотингем форест пропушти шанса да го победи Ливерпул и да му се доближи на табелата. Домаќините долго време водеа, но не го сочуваа водството.
Вуд уште во осмата минута донесе водство за Нотингем форест, тој резултат беше актуелен до 66. минута кога Диого Жота само што влезе во игра даде гол со глава за 1-1.
По дадениот гол Ливерпул создаде уште неколку убави шанси, но не успеа да направи пресврт.
Манчестер Сити водеше со 2-0 со два гола на Фоден во второто полувреме, но Брентфорд најпрво намали со погодок на Виса, а потоа Норгарт во 92. минута изедначи на 2-2. Домаќините имаа шанса и да победат, но во последниот напад Мбуемо пропушти голема шанса.
Челси одлично го почна мечот против Борнмут, со гол на Палмер уште во 13. минута поведоа со 1-0.
Во 50. минута Клајверт од пенал израмни на 1-1, а Самењо во 68. минута погоди за комплетен пресврт и водство на Борнмут од 2-1. Сепак Рис Џејмс со гол од слободен удар во 95. минута донесе реми за сините од 2-2.
Единствен кој вечерва победи беше Вест Хем кој славеше со 3-2 над Фулам во лондонскиот дуел. Ова беше и прв меч за чеканите во Премиерлигата под водство на Грем Потер.