среда, 3 јули 2024

Лонли планет: Најубавите езера за одмор во Европа

Светски познатата платформа за патувања, „Лонли планет“ (Lonely Planet) објави топ-листа на некои од најубавите езера во Европа. Од нив, четири се на Балканот – по две во Хрватска и Словенија.

Објавено на

часот

Сподели

„Морските брегови и прекрасните плажи во Европа привлекуваат големо внимание налето, но не треба да се занемарат ниту езерата на континентот. Италија може да се пофали со прекрасни езера опкружени со планини, а и езерата во Хрватска и Англија се вистинска сензација. Без оглед дали сакате да пливате или само да се опуштите, Европа има доволно езера за секоја авантура“, се вели во написот.

На списокот се наоѓаат двете солени езера на Островот Мљет – Мало и Велико Езеро, а во близина е и Островот Света Марија, Националниот парк Мљет, како и познатиот Дубровник. На списокот се најдоа и Бледското и Бохињското Езеро во Словенија.

Топ-листата ги посочува и езерата Лаго ди Левико и Лаго ди Калдонацо (Италија), Езерото Гарда (Италија), Констанца (Германија, Швајцарија, Австрија), Анеси (Франција), Сен Кроа (Франција) и Батермер и Крамок Вотер (Англија).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ