сабота, 27 јули 2024

Лондонската полиција на удар на критики поради вчерашните апсења

Објавено на

часот

Сподели

Греам Смит, кој беше пуштен синоќа по 16 часа поминати во притвор, кажа дека „во Обединетото Кралство повеќе нема право на мирен протест“. Од Скотланд Јард изјавија дека нивните акции биле „пропорционални“.

Командираката Керен Финдлеј го бранеше одговорот на своите офицери на протестите на денот на крунисувањето, кажувајќи дека имале должност да интервенираат „кога протестот ќе стане криминален и може да предизвика сериозни пречки“. Додаде дека крунисувањето е „настан кој се случува еднаш во генерација и дека тоа бил клучниот фактор во нивната проценка“.

Стотици демонстранти се собраа вчера во центарот на Лондон, извикувајќи „Доле круната“, „Не разговарај со полицијата“, „Најди вистинска работа“ и „Не е мој крал“. Протести беа организирани и во други градови како Кардиф, Глазгов, Единбург, но нема извештаи за апсења надвор од Лондон.

Скотланд јард соопшти дека уапсените се задржани под сомнеж за измама, кршење на јавниот ред и мир, нарушување на јавниот ред и мир и заговор за предизвикување вознемирување на јавноста околу крунисувањето. Додека активистите инсистираат дека нивните протести биле мирни, полицијата соопшти дека има разузнавачки податоци дека групите „биле решителни да го попречат настанот“.

Неколку лабуристички пратеници ја критикуваа реакцијата на полицијата, а пратеникот Крис Брајант на Твитер напиша дека „слободата на говорот е сребрена нишка вткаена низ парламентарната уставна монархија“. Министерката во сенка Џес Филипс на социјалните мрежи напиша дека „нацијата и кралот не се толку кревки за да не може да се протестира против поинаквиот став“. Пратеничката Зара Султана кажа: „Што и да мислите за монархијата, правото на мирен протест е темелот на демократијата“.

Меѓу оние кои ја критикуваа лондонската полиција беше и британската директорка на Хјуман рајтс воч Јасмин Ахмед, која акцијата ја спореди со „нешто што би го очекувале во Москва, а не во Лондон“.

Смит потврди дека е поштен доцна ноќта во саботата, додавајќи дека други членови на Република се сè уште во притвор. Тој на Твитер порача дека „во Обединетото Кралство повеќе нема право на мирен протест“. „Ми беше кажано многу пати дека монархот е тука за да ги брани нашите слободи. Сега нашите слободи беа нападнати во негово име“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ