сабота, 27 јули 2024
Гласен текстилец

Лон производството на залез? Странските брендови заминуваат, затворени се четири штипски конфекции

Конфекциите се соочуваат со сѐ помачку налози од странските партнери, а дел од брендовите заминуваат во Египет, Мароко и други држави. Затворени се четири помали конфекции во Штип изминатите два месеца, во кои беа вработени околу 130 штипски текстилни работници, изјави Кристина Ампева од Гласен текстилец. Таа вели дека оние вработени кои не им потпишале ништо на сопствениците, ги добија платите и ќе имаат право на испратнина.

Објавено на

часот

Сподели

Таа посочи дека во една од конфекциите самите работници си потпишале спогодби со работодавачот, наместо да не потпишат ништо, со што би имале право на испратнина и сѐ она што им следува согласно Законот за работни односи.

„За жал, во останатите фирми имаше примери каде што работодавачите сметаа дека така ќе ги затворат фирмите, една од нив должеше една плата, другите должеа две плати. Мислеа дека така ќе си поминат и ќе ги затворат фирмите. Меѓутоа ние тоа навремено го стопиравме тоа, благодарение на иснпекторите од областа на трудот од Штип платите се исплатени. Значи нема да биде типичен пример на она се затвараат фирми, работниците остануваат без неколку плати. Ние овде успеавме да се исплатат“, вели Ампева.

Таа истакна дека засега не е голем бранот на затварање на текстилни конфекции, какошто го најавија дел од работодавачите, а ова се случува поради инфлацијата и помалата потрошувачка моќ на граѓаните од ЕУ, кои и помалку купуваат облека.

„За жал, тоа се ефектите од тоа лон производство во нашите конфекции и од кои зависиме, брендовите со кои има преговори велат дека ни старее работна сила во овој сектор во Македонија и тие бараат нормално постабилен пазар, со помодерна автоматизација и модернизација во работењето. За жал, неколку фактори се“, вели Ампева.

Таа упати апел до работниците, кога се затвара фирмата да не потпишуваат апсолутно ништо, бидејќи фирмата се затвара од деловни причини и имаат право соодветно да им биде исплатена испратнина, согласно нивниот работен стаж. Тие работници што не се потпишаа им ја водиме постапката, меѓутоа тие што  се потпишале ние не можеме апсолутно ништо да направиме, истакна Ампева.

Прашана дали дел од текстилните работнички се вработија веднаш во други конфекции, Ампева потврдува дека дел од нив се вработиле во конфекции, каде што Гласен текстилец се обидува да направи синдикат.

„Работодавачот вели нормално е и ние имаме зголемен обем на работа. Зошто е тоа така? Заради тоа што плаќаат многу повеќе и повисоки плати и внимаваат на стандардите на коишто работат, најмногу што можат, а особено она што го бараат германските брендови“, рече Ампева.

Таа додаде дека оние текстилни компании кои имаат и зголемен обем на работа освен што бараат работници најавиле и зголемување на платите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ