Одделот за воздухопловни единици на МВР по добиено барање од Центарот за управување со кризи (ЦУК) за гаснење пожар што избил денеска, околу 14:00 часот, на територија на општина Кривогаштани, меѓу селата Подвис и Годивје, го упатил хеликоптерот.
Од МВР информираат дека Одделот за воздухопловни единици исто така по пријавен пожар од страна на ЦУК во Општина Сарај, кај село Љубин, интервенираше со хеликоптер од типот „Ми-171“.
„Во два наврати прецизно исфрли 5 тони вода и заедно со ер тракторите на ДЗС помогна во целосно гаснење на пожарот“, се наведува во соопштението од МВР.