сабота, 19 октомври 2024

Локализирани пожарите во кумановско и липковско

Објавено на

часот

Сподели

Три екипи на противпожарната единица со три возила и единаесет пожарникари интервенираа на потегот помеѓу кумановските села Агино, Брзак, Романовце и скопското Дељадровце. Други екипи вкупно две возила и петмина пожарникари гасеа пожар во атарот помеѓу липковско Лојане и кумановското Табановце.

„Во Агино, Брзак и Романовце, гореше стрниште сува трева, жито, во Агино село беше зафатена и кровна конструкција на викенд куќа. Поради претходно обилни дождови тревата е висока и го отежна гасењето“, изјави заменик командир на ТППЕ Куманово, Борис Станковски.

Пожарот избувнал нешто по 14 часот а целосно е изгаснат во 21.

Во липковско Лојане и кумановско Табановце била зафатена сува трева, стрништа.

„Таму пожарот е изгаснат во 20: 30 часот“, изјави Станковски. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ