среда, 23 октомври 2024

Локализирани пожарите кај Неготино и Демир Капија

Објавено на

часот

Сподели

„Бидејќи немаше потреба од второ дејство на авионот на ДЗС, хеликоптер на МВР со ведро од еден тон во два наврати прецизно дејствуваше врз пожарот во  боровата т.н. Гоцева Шума во непосредна близина на Неготино, каде во моментов силниот пожар од страна на територијалните противпожарни единици од Неготино и Кавадарци е ставен под контрола“, појасни Ангелов. 

Тој додаде дека се очекува и третиот налет на хеликоптерот на МВР, после што леталото ќе се повлече во неговата база.

Од ЦУК додаваат дека вториот хеликоптер на МВР со ведро (бунар) од три тона дејствувал во три наврати врз пожарот во месноста Мал Раковец во Демир Капија, со што пожарот благодарение на територијалната против пожарна единица и хеликоптерот е локализиран.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ