сабота, 27 јули 2024

Локализиран пожарот во пехчевско Негрево

Пожарот што попладнево избувна во атарот на пехчевското село Негрево, е локализиран. Во акцијата за гаснење на пожарот учествувааа доборволци од пехчевското противпожарно друштво, од каде информираа дека во пожарот зафатена е нискостеблеста шума и сува трева.

Објавено на

часот

Сподели

„Покрај екипа на Доброволното противпожарно друштво Пехчево во гаснењето учествуваше и екипа на ПШС „Равна Река“ Пехчево. Пожарот беше во пределот на село Негрево, каде изгоре поголема површина сува трева и нискостеблеста шума“, истакнаа од ДПД „Пехчево“.

Апелираа на поголема одговорност на населението, со напомена да не се пали оган на отворено.

„Упативаме на поголема одговорност на граѓаните, да не палат оган на отворено, бидејќи лесно може да ни се повтори ситуацијата од пред неколку години“, додадоа од ДПД „Пехчево“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ