Хеликоптерската единица на МВР вчера учествуваше во локализирање на пожарот кај велешка Отовица, што беше пријавен дека настанал во 13.40 часот на автопатот Велес-Скопје, поточно меѓу автопатот и железничката пруга, пред мостот кај наплатната станица Отовица.
Во пожарот беа зафатени сува трева и борова шума, а беше локализиран по интервенција на два авиона „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и полицискиот хеликоптер.