сабота, 27 јули 2024

Лојалистите на Гадафи го освоија Бени Валид, почнува ли нова граѓанска војна?

Објавено на

часот

Сподели

Борци лојални на убиениот либиски лидер Муамер Гадафи се судрија со револуционерните сили во поранешното свое упориште, Бени Валид, и преземајќи ја контролата на градот.
Претседателот на либискиот Национален транзициски совет, Мустафа Абдел Џалил, денес предупреди дека на земјата ѝ се заканува нова граѓанска војна.
Најмалку 5 војници од редовите на НТС се убиени а уште 30 повредени во насилствата, соопштува Интерфакс.
Локалните власти изјавија дека бунтовниците лојални на Гадафи, кои ја презедоа контролата над Бани Валид користеле тешка артилерија, вклучувајќи и 106мм анти-тенковски оружја.
Очевидците тврдат дека насилствата започнале откако лојалистите на стариот режим, гневни поради апсењето на дел од нивните луѓе, ги нападнале борците од револуцијата.
Градот Бани Валид беше еден од последните бастиони на силите на Гадафи во осуммесечната граѓанска војна во Либија.
Судирите се случија по масовните протести за време на викендот во градот Бенгази и оставката на заменикот претседател на НТС, Абдел Хафиз Гога.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ