сабота, 27 јули 2024
Денеска е 20 Мај - Денот на Логистичка база на АРМ

Логистичката поддршка е еден од главните столбови на Армијата

Логистичката база е клучен елемент во справувањето со предизвиците како еден од главните столбови на Армијата, истакна денеска заменик-министерот за одбрана Тирон Јајага честитајќи го 20 Мај – денот на Единицата, на воената свеченост во касарната Илинден во Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

На свеченоста на највисоката единица од доменот на логистиката во Армијата на кој присуствуваа началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, армиски генерали, претставници од Министерството за одбрана и Генералштабот, команданти на команди и единици на Армијата и други гости, Јајага го потенцира придонесот на Логистичката база како важен сегмент во Армијата.

„Логистичката база и нејзиниот персонал активно придонесува во секоја активност на припадниците на Армијата во и вон границите на нашата држава, било тоа да е вежбовна активност или пак континуирано обезбедување на логистичка поддршка на составите кои се упатуваат во мировни мисии и во обезбедување на јужната граница, но и логистичка поддршка на сите вежбовни активности и транзит на силите на НАТО и партнерските наши земји. Придонесот кој го дава оваа база е круцијален во насока на успешно справување со предизвиците, а ние граѓаните тоа многу добро го знаеме. Секогаш кога е потребно припадниците на нашата Армија се први во поддршка на населението и на останатите институции во земјата, било тоа да се кризни состојби или состојби настаните од природни непогоди или креаирани од човекот. За жал би констатирал дека светот денеска живее во време кога овие вториве се сѐ повеќе актуелни, каде голем број човечки животи се загрозени и каде за жал има голем број жртви директно од борбени дејствија“, рече Јајага.

Во изминатите години вие припадниците на Логистичката база ја покажавте вашата професионалност и подготвеност со пружање на логистичка пооддршка на единиците на Армијата, рече Јајага.

„Од ова место ви порачувам да продолжите со вашиот професионализам затоа што успехот на вашата единица поддразбира успех на нашата цела Армија, а ние ќе продолжиме да придонесуваме во обебзеудваме на сите потребни ресурси за ваше беспрекорно функционирање“, порача заменик-министерот за одбрана Јајага честитајќи го денот на Единицата.

DCIM100MEDIADJI_0008.JPG

Честитки по повод Денот на Единицата упати и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, кој на припадниците на логистичката база им оддаде признание и благодарност за досегашните постигнувања и притоа им порача да продолжат со несмален интензитет и професионално како и досега во извршување на доделените работни задачи.

Командантот на Логистичката база, полковник Муарем Муареми, во своето обраќање истакна дека единицата во изминатиот период беше активно посветена на обезбедување континуирана и навремена логистичка поддршка за редовните активности на Армијата, поддршка на составите кои се упатуваат во меѓународните операции и поддршка на меѓународните вежби.

Без присуство на логистиката, нагласи полковник Муареми, не е можна реализација на каква било воена активност или операција, но за непречена реализација на активностите и логистиката мора да се прилагодува и да биде побрза и поефикасна.

„Брзото и навремено распоредување на силите подразбира и ефективна и сеопфатна логистича поддршка, која е витална за успешно исполнување на оперативните способности и цели на борбените единици“, истакна Муареми.

За Денот на единицата, согласно програмата, по пригодните обраќања беа доделени стимулативни мерки за припадници на единицата.

Логистичката база го прославува 20 мај, во спомен на денот кога во 1876 година почнало Разловечкото востание и првите логистички подготовки за неговото отпочнување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ