петок, 26 јули 2024

Лога: Заклетвата на Сиљановска Давкова е ништовна

Кренар Лога, министерот за правда во техничката Влада и генерален секретар на Алијансата на Албанците (АА) од крилото на Зијадин Села, во реакција на денешниот говор на претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова оцени дека таа не го испочитувала уставното име на државата и оти со тоа нејзината заклетва е ништовна.

Објавено на

часот

Сподели

„Непочитувањето на уставното име на државата ја прави ништовна заклетвата на Сиљановска. Или повторување на постапката или функцијата претседател на државата треба да ја преземе Јован Митрески, претседателот на Собранието, како вршител на должност“, наведува Лога во реакцијата објавена на фејсбук и споделена во соопштение до медиумите.

Сиљановска-Давкова, при давањето свечена заклетва, не го употреби уставното име на земјава – Република Северна Македонија, туку го користеше името Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ