сабота, 19 октомври 2024
По иницијативата на Левица

Лога очекува Уставниот суд да не прифати да рaзгледува дали националноста треба да се запише во документите

Објавено на

часот

Сподели

„Очекувам дека мериторно Уставниот суд ќе ја отфрли иницијативата на Левица и Законот ќе биде во сила. Најавувам и дека штом ќе имаме одлука на Уставен суд ќе имаме и нови упатства и нови изводи што значи дека ќе се повтори праксата што ја воведовме и ќе имаме графа за националност во изводите за да ја спречиме злоупотребата при вработување низ цела држава“, изјави Лога при посетата на Боговиње. 

Во врска со сомнежите што ги отвори Антикорупциската комисија за пробиени матични книги  и трговија со лични податоци на граѓани при нивно пренесување во дигитална форма и дали може да се преземе заштита, Лога упати прашањето да се постави во Управата за водење матични книги.

„Треба да се обратите до директорот на Управата за водење матични книги, тој е одговорен за тоа прашање. Јас ниту имам такви информации, бидејќи тоа е посебен орган во состав на Министерството и најверојатно таму имаат некакви информации“, рече Лога. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ