сабота, 26 октомври 2024

Лога очекува предлог-уставните измени Владата да ги усвои утре, Мицкоски вели измени во Собрание нема да има

Објавено на

часот

Сподели

„Предлог-иницијативата за уставните измени, со која Бугарите и други народи треба да се внесат во Преамбулата на Уставот, најверојатно, ќе биде усвоена на утрешната редовна седница на Владата“, рече Лога.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање дали земјава е во политичка криза и кој е излезот од блокадата на евроинтегративниот пат на државата, изјави дека нема да влегува во разговори каде што контура на тие разговори, како што рече, ќе биде бугарскиот диктат и дека излезот од кризата се само избори.

„Уставни измени под бугарски диктат не само што нема да прифатиме туку категорично ги отфрламе и ги одбиваме. Што се однесува за излезот, излезот се избори. Очигледно е дека изборот се избори и тоа е нај логичното нешто што може во моментот да се случи. Час поскоро да имаме избори, притисокот којшто се случува во општеството да биде катализиран“, рече Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Општина Аеродром.

А премиерот Димитар Ковачевски денеска ја повика ВМРО-ДПМНЕ да опстои на искажаното на прес-конференцијата по лидерската средба одржана на 7 јуни и заеднички да ги донесат одлуките што се значајни за иднината на државата. 

Смета дека она што е постигнато на лидерската средба е добра основа да се продолжи понатаму, да се направи следниот чекор и да се донесат вистинските одлуки во момент на геополитички случувања во Европа. 

„Лидерската средба даде неколку важни пораки. Прво, дека ВМРО-ДПМНЕ не е против промена на Уставот. Второ, дека не е против вклучување на други народи во Преамбулата на Уставот, вклучително и на деловите од бугарскиот народ. Трето, дека овој парламентарен состав има легитимитет тоа да го направи и четврто дека оваа Влада има легитимитет бидејќи ВМРО-ДПМНЕ побара да биде дел од Владата при што веднаш и беше понудено половина министерски места да и бидат отстапени. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ имаше уште еден услов од нему познати причини, а тоа е ДУИ да не биде дел од Владата која ќе стапи на функција по отварањето на Уставот. И таа желба му беше исполнета така што практично сите работи што беа поставени, беа прифатени. Сметам дека тоа е одлична основа за работата да продолжи на оперативно ниво низ работни групи кои ќе можат да ги договорат деталите“, изјави денеска Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по увидот на санација на систем за наводнување „Макарија“, кај Росоман.

Според Ковачевски, ВМРО-ДПМНЕ се наоѓа во позиција која не е најпријатна бидејќи како голема партија немаат гласано за ниту една значајна одлука за државата.

„Не го поддржаа договорот со Грција, ниту членството во НАТО, ниту договорот со Фронтекс, ниту Преговарачката рамка. Сметам дека оваа е многу важна одлука за државата и треба да се направи заедно. Мислам дека тие ќе изнајдат сила да го направат тоа“, рече Ковачевски, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ не успеале ниту да излобираат кај тројцата пратеници од сестринските партии да гласаат за Резолуцијата усвоена во германскиот Бундестаг.

Предлог-иницијативата за устави измени подготвена од работната група при Министертсвото за правда на почетокот на месецов беше доставена до Владата и како што беше најавено тогаш, ќе биде разгледана на некоја од наредните владини седници. Очекувањата тогаш беа дека уставните измени би можеле да влезат во Собранието во средината на месецов кога и формално ќе почнат да течат роковите за уставни измени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ