вторник, 22 октомври 2024

Лога ја потпиша Конвенцијата за гонење злосторства против човештвото

Министерот за правда Кренар Лога денеска во Хаг, Холандија, ја потпиша Конвенцијата за меѓународна соработка во истрагата и гонењето на злосторството геноцид, злосторства против човештвото, воени злосторства и други меѓународни злосторства.

Објавено на

часот

Сподели

Церемонијата за потпишување на Љубљанско-Хашката  конвенција, како што соопшти Министерството за правда, се одржала во Палатата на мирот во Хаг.

Конвенцијата има за цел да ја олесни меѓународната соработка во кривичната материја меѓу државите членки и да обезбеди ефективна меѓународна правна соработка во истрагите и гонењето на овие злосторства. Конвенцијата како исклучително значаен меѓународен инструмент претставува практична алатка која ќе им помогне на државите членки за откривање на геноцидот, злосторствата против човештвото, воените злосторства и други меѓународни злосторства.

„Со неа ќе се овозможи зајакнување на националните правни системи, а се очекува значајно да се намали неказнивоста на сторителите на овие сериозни кривични дела. Ова особено поради фактот што Конвенција се насочува на обврската на државите да ги гонат овие кривични дела и во таа смисла ја адресира потребата да се зголеми ефикасноста на истрагите и гонењето на национално ниво“, соопштија од Министерството за правда.

Иницијативата за оваа Конвенција е започната уште во 2011 година и има поддршка од 80 држави меѓу кои и Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ