петок, 18 октомври 2024
Реакција на министертот за правда

Лога изненаден од изјавата на Јолевски, вели, Судскиот совет има обврска да ми го достави записникот

Објавено на

часот

Сподели

Понатаму, во демантот на изјавата на Јолевски, министерот Лога вели:

Членот 15 од Деловникот предвидува дека  записникот, покрај останатите податоци, содржи податоци за дневниот ред што е утврден на седницата, наводите, изјаснувањата и предлозите на присутните на седницата, спроведената расправа, донесените одлуки и резултатот од гласањето. 

Записникот се разгледува и усвојува на седница на Советот, а по евентуални забелешки, Советот донесува заклучок кој што е составен дел на записникот на кој се однесувала забелешката. Усвоениот записник од седницата на Советот го потпишуваат претседателот на Советот и генералниот секретар, односно лицето што го водело записникот. Судскиот совет има обврска примерок од записникот да достави до членовите на Судскиот совет по електронски пат.

Министерот за правда, како член на Судскиот совет, има право да реагира и да бара  исполнување на обврската за доставување на записник од седница на Судски совет.

Ве информирам дека до овој момент до Министерството за правда уште не е пристигнат одговор на писмениот допис  од Судскиот совет  со кој се бараше да се достават на увид записникот од 438-та седница и усвоениот дневен ред.

Министерството за правда и јас како министер со големо внимание ги следиме состојбите во судството и обвинителството и во оваа насока увидот ќе ни помогне во определување на правецот во  кој е потребно да се движат законските измени за  отстранување на сите  недоследности во функција на обезбедување на владеење на правото и реформи во правосудството.

Очекуваме во најскоро време да се надмине ситуацијата во Судскиот совет и тој да претставува орган кој ќе го штити а не нарушува угледот на судството.

Инаку, Според Законот за Судски совет, избраните членови на Советот од редот на судиите имаат мандат од шест години со право на уште еден избор по истекот на најмалку шест години од престанокот на претходниот мандат во Судскиот совет. Членовите на Советот избрани од страна на Собранието на Македонија имаат мандат од шест години со право на уште еден избор. На претседателот на Врховниот суд и на министерот за правда со престанок на функцијата им престанува и мандатот во Советот. Мандатот на член кој е избран на дополнителни избори, поради предвремен престанок на мандатот на член на Советот на чие место е избран, трае шест години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ