понеделник, 21 октомври 2024
Поранешниот министер со став:

Лога: Генерал Лафчиски не ги исполнува условите за началник на ГШ на АРМ, а е назначен за да не биде Албанец

Поранешниот министер за правда, Кренар Лога, а сега потпретседател на опозициската Алијанса за Албанците на Зијадин Села, реагира на назначувањето на генералот Сашко Лафчиски за началник на Генералштабот на Армијата. Лога вели дека Лафчиски не ги исполнува условите да биде на чело на војската и нагласува дека изборот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова, како врховен командант, него да го назначи е со цел да се избегне војската да ја раководи генерал Албанец – Бесник Емини.

Објавено на

часот

Сподели

„Кога една Албанка не ги исполнува законските услови за директорка (ревизорка на ИПА фондовите), таа се разрешува, а кога еден Македонец не ги исполнува законските услови, тој станува шеф на Генералштабот на АРМ!“, вели Лога правејќи паралела.

„Парадоксите во оваа наша држава наречена Северна Македонија стануваат нормални, особено кога мнозинската заедница треба да го направи својот ‘избор’. Сашко Лафчиски од бригаден генерал ‘се издигна’ во чин генерал-мајор и беше назначен за шеф на Генералштабот на Армијата од страна на претседателката Гордана Силјановска-Давкова, што предизвика многу реакции во јавноста, особено во Армијата. Но, ова брзо поминува бидејќи тој го зазема местото на еден Албанец, кој според професионалните заслуги и законските услови требаше да биде генерал Бесник Емини.

Г-дин Лафчиски не ги исполнува потребните услови за оваа позиција, односно е четири нивоа под стандардите кои се бараат за шеф на Генералштабот.

Не реагираше ни СДСМ, ни ВМРО, ни Левица, ни ЗНАМ, се прашувате зошто?“, вели Лога во соопштението до медиумите.

На крајот тој се повикува на законските одредби па вели:

„Еден од главните услови што Лафчиски не ги исполнува е возраста и стажот. Се бара шефот на Генералштабот да има најмалку шест месеци искуство како командант на Оперативната команда, а законската регулатива обврзува на чело на Генералштабот да се назначува само оној кој барем шест месеци бил на чело на таа Оперативната команда. Над сè, како бригаден генерал, Лафчиски нема четири години искуство како што бара законот за да може да биде именуван за генерал-мајор, што автоматски значи шеф на Генералштабот. На Лафчиски му е даден овој чин еден ден пред тој да биде декретиран од претседателката за шеф на Генералштабот. Неговото досие како воен службеник, доверливоста и угледот во армијата оставаат да се посака многу, во неофицијални околности се дознава дека досега не бил опремен ниту со потребниот НАТО – сертификат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ