петок, 26 јули 2024
Министерство за правда

Лога до Агелер: Ветингот може да се реализира само со помош на САД и ЕУ

Објавено на

часот

Сподели

Лога рече дека дигитализацијата во правосудството е клучен процес за зајакнување на капацитетите, одговорноста и професионалноста на судиите и јавните обвинители.

Министерот ја информираше Агелер за процесот на формирање на работна група за уставните измени и очекувањата опозицијата преку свои претставници да даде свој придонес во процесот кој е од исклучително значење за евроинтеграциите.

Во однос на ветингот, Лога посочи дека тој може да се реализира само со поддршка на САД и ЕУ. Амбасадорката Агелер беше запозната и со состојбата во затворите и монтираните судски случаи.

На состанокот беше истакната  новата Стратегија за реформа во правосудниот сектор 2023-2027 година која е фокусирана на подобрување на состојбите и јакнење на капацитетите со што ќе се обезбедат услови за стабилно и непречено спроведување на зацртаните реформи.

Министерот и амбасадорката се согласија да се интензивира соработката помеѓу земјите во насока на обезбедување стабилност и услови за спроведување на реформите, се вели во соопштението на Министерството за правда.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ