сабота, 9 ноември 2024
Министерот најави

Лога денеска ќе го испрати барањето за екстрадиција на Палевски од Турција

Министерот за правда Кренар Лога изјави дека денеска на крајот од работното време ќе биде испратено до Турција барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски – Палчо, првоосомничениот за убиствата на тинејџерката Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. Се чека на преводи на списи кои треба да ги направи обвинителството. Колку време ќе трае процесот рече дека ќе зависи од турските власти.

Објавено на

часот

Сподели

Министерот Лога  изјави дека барањето е потпишано од негова страна и преведено на турски јазик и дека очекува позитивен одговор од турските власти.

„Сите списи од министерството беа преведени на турски јазик. Денеска до крајот на работниот ден исто така и од Јавното обвинителство ќе бидат преведени и веднаш ќе биде пуштено и преку електронската пошта, и преку нашата Амбасада. Верувам дека по добивање на нашето барање ќе контактираме и директно со министерот за правда на Република Турција. Турција е стратешки партнер на Македонија за многу други побитни прашања од ова. Јас верувам дека за релативно кратко време ние ќе добиеме позитивен одговор и осомничениот ќе биде меѓу нас да го докажува тоа што се случи“, рече Лога.

На новинарско прашање колку би траела постапката, министерот Лога одговори дека тоа зависи од постапките во Турција.

„Не знам колку ќе ги искористи тие правни лекови да се жали или не. Не можам да кажам колку би траело во овој момент без да ги знам постапките во Турција“, рече министерот Лога.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ