понеделник, 16 септември 2024
Министгерот за култура најави

Љутков најави ревидирање на постапката за изградба на Универзалната сала во Скопје

Изградбата на Универзалната сала ќе продолжи, но ќе се повтори, односно ревидира, постапката околу преземањето на работите на изградбата од страна на Град Скопје, изјави министерот за култура и туризам, Зоран Љутков на новинарско прашање до каде е постапката околу преземањето на салата под надлежност на Министерството за култура и туризам.

Објавено на

часот

Сподели

Министерот нагласи дека изградбата на Универзалната сала не е прекината.

„Реално е проблематично да ставам потпис на кој било документ бидејќи во оваа фаза мене ми изгледа како нелегален објект и како ние да работиме нешто нелегално. Затоа го ставив во мирување целиот овој процес, се разбира првата фаза си тече постапката, се гради. Но, во делот на втората фаза запрена е постапката, ќе ја ревидираме постапката, ќе ја повториме, за биде законски“, изјави Љутков.

Тој порача дека Универзална сала ќе до крајот на 2028 година биде здрав и современ објект кога Скопје ќе биде Европска престолнина на културата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ