недела, 20 октомври 2024

Љутков: Црквата во Галате не е заштитена, забрането е да се гради на археолошки локалитети

Апсолутно е забрането да се гради на археолошки локалитети или во нивна близина, како и на земјиште кое е веќе скенирано и на кое постои можност да има некакво археолошко наоѓалиште, порача денеска министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.

Објавено на

часот

Сподели

Одговорајќи на новинарски прашања по посетата на Националниот конзерваторски центар, Љутков информира и дека црквата во село Галате е нов објект кој не е заштитен.

Во врска, пак, со случајот со поранешната министерка за култура Бисера Стојчевска Костадиновска што го отвори ВМРО-ДПМНЕ, а според кој таа во странство трошела пари од државна картичка за лични потреби, Љутков рече дека Министерството за култура и ги доставило на Антикорупциската комисија (ДКСК) сметките и сѐ што е потребно за натамошна постапка.

„Сметките се поднесени веднаш, бидејќи таму постоеше и работна група што ги испитуваше сите патувања, така што работната група заврши, го достави дописот до ДКСК, но и до МВР“, нагласи Љутков.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ