До несреќата дошло откако Македонецот со неговата партнерка бил во посета на нејзина пријателка која живеела во соседството на поранешниот сопруг. Г.С. во еден момент го удрил Б.П. по што Македонецот паднал со глава на земја и набргу потоа починал.
Очевидец на несреќата во изјава за српските медиуми вели дека Г.С. бил разведен повеќе од една година, а неговата поранешна сопруга се преселила во Македонија кај сега веќе убиениот Б.П.
На Г.С. му е одредена мерка притвор до 48 часа и ќе биде сослушан во Вишото јавно обвинителство во Панчево.