Но, со Договорот од Преспа Грција де факто призна македонски јазик и идентитет, што претходно тоа не го правеше, вели Љоровски.
„Е сега, борбата е на Македонците во Грција да се изборат да им биде признат идентитетот и јазикот. Тоа нив никој не може да им го забрани, а од помош може да им биде Преспанскиот договор, бидејќи идентиетот и јазикот е основно човеково право на самоопределување. Ако тие избрале нивниот јазик и идентитет да го идентификуваат со македонскиот, тогаш тоа е шах-мат за Грција, бидејќи, како што кажав, тие веќе признале таков со Преспанскиот, макар и само на територијата на Р. Македонија. Но, идентиет и јазик тешко е да врамиш и ограничиш само на определена територија, особено што на Балканот и во светот има бројни примери на непоклопување на државните граници со етничките. Примерот на Грција е доволно од јасен, постои грчко малцинство во Р. Македонија (во попис ги има), има грчко малцинство и во Албанија, Бугарија и Турција, т.е. со сите држави што таа се граничи. Доволно се овие факти, но и докази како овој дека официјални грчки институции признале во минатото постоење на македонски јазик во рамките на нивната држава. Документот е од 1931 година“, се вели во реакцијата на Димитар Љоровски Вавмаковски.