Винисиус се повреди на загревањето, Диаз доби шанса место него и токму тој го отвори резултатот во 20. минута, убаво се снајде во противничкиот шеснаесетник и ја затресе мрежата за 1-0.
Атлетико погоди за 1-1 на старот на вториот дел, но голот беше поништен поради офсајд.
Сепак, на Реал му немаше спас кога во 93. минута Савиќ уфрли една топка во шеснаесетникот, Депај со глава префрли преку себе а Љоренте ја искористи заспаноста на Карвахал и Начо, и со глава го матираше Лунин за 1-1.
Љоренте убаво се израдува на голот и покрај тоа што потекнува од школата на Реал и неколку години настапуваше во првиот тим.