Тимот на Јирген Клоп се мачеше додека да го постигне првиот гол, а потоа ја наполни мрежата на домаќинот.
Серијата погодоци ја отвори Дарвин Нуњез по само четири минути игра во второто полувреме. Уругвајскиот напаѓач и ја затвори голеадата со погодок во 93. минута.
Меѓу овие погодоци, двапати прецизен беше и Диого Жота кој реализираше во 71. и 80. минута.