сабота, 19 октомври 2024
Засилување по мерак на Клоп

Ливерпул во Баерн ќе ја бара замената за Салах, подготвен е да плати рекордна сума

Како што пренесува Мирор, Ливерпул го идентификувал Лерој Сане како потенцијална замена за Мохамед Салах, „црвените“ се подготвени да платат повеќе од 100 милиони евра за услугите на Германецот.

Објавено на

часот

Сподели

Изминатово лето, Саудиска Арабија направи силен напор да го ангажира Мохамед Салах, Ливерпул одолеа на понудите, но прашање е дали „црвените“ ќе можат да го сторат истото и во иднина.

Според Мирор, на Енфилд веќе почнале да се кројат планови како без Египјанецот и Лерој Сане од Баерн Минхен е идентификуван како замена за Мохамед Салах.

Јирген Клоп е голем фан на играта на својот сонародник, па „црвените“ се подготвени да го направат Лерој Сане најскапиот трансфер во нинвата историја и да платат повеќе од 100 милиони евра за неговите услуги.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ