петок, 18 октомври 2024
Премиерлига

Ливерпул убедлив против Нотингем форест, само реми за Брајтон против Фулам (ВИДЕО)

Ливерпул даде три гола и освои три бода против Нотингем форест на Енфилд, три гола даде и Астон Вила која со 3-1 беше подобра од Лутон.
 

Објавено на

часот

Сподели

Резултатот го отвори Диого Жота во 31. минута, а четири минути подоцна гол даде и Дарвин Нуњез за 2-0.

Конечните 3-0 за Ливерпул против Нотингем форест ги постави Салах во 77. минута.

Астон Вила ја продолжи одличната форма, овојпат на домашен терен славеше над Лутон од 3-1.

Мегин, Диаби и автогол на Локери донесоа предност од 3-0 за домаќините, автогол си даде и Мартинез кој беше почесен погодок за Лутон.

Брајтон одигра само 1-1 на свој терен против Фулам.

Фергусон донесе водство за Брајтон во првото полувреме, Палиња донесе бод за гостите од Кревин Котиџ.

Евертон со гол на Калверт Луин дојде до победа од 1-0 на гостувањето кај Вест Хем.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ