сабота, 27 јули 2024

Ливерпул со пресврт до убедлива победа против Лутон (ВИДЕО)

Ливерпул со убедливи 4-1 го совлда Лутон, но гостите долго време имаа предност од 1-0.

Објавено на

часот

Сподели

Ливерпул ја оправда улогата на фаворит против Лутон, но работите не се одвиваа така како што се очекуваше.

Во 12. минута Огбене постигна гол за водство на Лутон од 1-0, тоа беше резултатот и на полувремето.

Во вториот дел работите си дојдоа на свое. Во 56. минута Ван Дајк изедначи на 1-1, а само две минути подоцна Гакпо донесе предност на Ливерпул од 2-1.

Течеше 71. минута кога Диаз зголеми на 3-1, а Елиот во самиот финиш ги постави конечните 4-1.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ