Во првиот натпревар од 16. коло во Премиерлигата, Ливерпул ја доби пресметката против Кристал Палас на „Селхрст Парк“.
Откако првото полувреме мина без голови, резултатот беше отворен во 57. минута, со помош на ВАР беше досуден пенал за домаќините, а Матета од белата точка релизираше за 1-0.
Но работите за „орлите“ тргнаа низ брдо откако Ају во 75. минута заработи втор жолт картон и беше исклучен, а веќе во следниот напад Мохамед Салах изедначи на 1-1, за Египјанецот ова беше голот број 200 во дресот на „црвените“.
Избраниците на Јирген Клоп пресвртот го комплетираа во 91. минута, кога Елиот доби малку повеќе простор и прекрасно биеше од работ на шеснаесетникот за 1-2.
Со овие три бода, Ливерпул се искачи на врвот на табелата.