Ливерпул со Клоп на клупата не греши на Боксинг деј, Германецот има 6 победи на исто толку натпревари, вечерва „црвените“ беа успешни на гостувањето кај Барнли и славеа со 0-2.
Резултатот беше отворен во 6. минута, Нуњез убаво погоди од врвот на шеснаесетникот за водство од 0-1.
Ливерпул потоа имаше неколку добри шанси, им беа поништени и два гола, па малку фалеше да бидат казнети во финишот кога Ендо погреши при едно додавање, но Брун Ларсен биеше крај голот.
Триумфот сепак беше потврден во 90. минута, Жота добро се снајде и ја затресе мрежата за конечни 0-2.
Со овие три бода, Ливерпул се искачи на врвот на табелата, и сега ќе ги чека исходите од натпреварите на Астон Вила и Арсенал.