сабота, 27 јули 2024

Ливерпул шокира со расизам (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Ливерпул победи со 5-1 против Олдам во ФА-купот, но сѐ остана во втор план, откако навивачите од популарниот Коп до солзи го доведоа гостинскиот младинец Том Адјеми (20) со рафалот на навреди пред самиот крај на мечот. Луис Суарез, уругвајскиот напаѓач, почна да одработува суспензија од осум меча поради расистички навреди кон Патрис Евра од Манчестер јунајтед.

Адјеми сакал и физички да се пресмета со навивачите, но поголем инцидент спречиле Дирк Кајт, соиграчите и Стивен Џерард. Фудбалерот на Олдам потоа во полиција дал изјава, а од Ливерпул објавија дека е започната истрага за инцидентот. Клубот најави сериозна истрага и пронаоѓање на навивачите.

Ова е прв голем расистички инцидент во Англија, која досега немала проблеми на оваа основа, за разлика од некои други европски земји, кои сѐ уште имаат мака за да ги едуцираат навивачите да не имитираат мајмунски крици (најчеста расистичка навреда) кога црномурестите фудбалери ја имаат топката во нозе.

Останува неизвесно дали ФА ќе изрече поголема казна за Ливерпул, поттикната и од УЕФА, која одамна форсира „нулта-толеранција“ за расизмот во фудбалот.

[video:http://www.youtube.com/watch?v=9PUDciPNwXk]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ