сабота, 19 октомври 2024
Реал Мадрид добива сериозна конкуренција

Ливерпул руши рекорди и со 300 милиони тргнува по потписот на Мбапе?!

Објавено на

часот

Сподели

Иднината на Килијан Мбапе е под голем знак прашалник откако Французинот реши да не ја искористи опцијата за продолжување на договорот до јуни 2025 година.

Се говори дека ПСЖ му поставил ултиматум на напаѓачот, или да ја продолжи соработката или да си оди ова лето.

Реал Мадрид како и во минатото се посочува како следна дестинација, но агентот Марко Кирдемир вели дека Ливерпул внимателно следи што се случува и подготвува предлог тежок 300 милиони евра.

„Разговарав со луѓе блиски до катарското семејство кое раководи со клубот и ми кажаа дека тие се навистина бесни. Верувале декак Килијан Мбапе ќе го продолжи договорот. Емирот е вознемирен“ – вели Марко Кирдемир во разговор со Марка.

„Ќе пристигнат одредени информации во следните денови. Ќе пристигнат информации од Англија и Германија. Ливерпул ќе му конкурира на Реал Мадрид, „црвените“ се подготвени да платат богатство за Килијан Мбапе, тоа богатство ќе биде околу 300 милиони евра“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ