сабота, 19 октомври 2024

Ливерпул: Неприфатливо е постојано да се вадите со „човечка грешка“

Ливерпул излезе со реакција на соопштението на судиската организација во Премиерлигата која ја објасни неправилната одлука и ја окарактеризира како човечка грешка.

Објавено на

часот

Сподели

Во дербито против Тотнем на Ливерпул не му беше признаен чист гол откако судијата на теренот досуди офсајд иако не беше. ВАР не реагираше навремено, па играта продолжи.

Ливерпул го прифаќа образложението на судиите, но вели дека не може да се продолжи така со постојано вадење дека се работи за човечка грешка. Ова не беше прв случај оваа година да се случува тоа.

„Ливерпул го сфаќа признанието на судиската организација за нивните грешки. Јасно е дека не дојде до доследна примена на правилата на играта, што резултираше со поткопување на спортскиот интегритет. Целосно сме свесни за притисокот под кои работат официјалните лица на натпреварите, но овие притисоци треба да се ублажат со ВАР, а не да се влошат. Затоа е незадоволството што не беше дадено доволно време за да се овозможи донесување на правилна одлука и што немаше последователна интервенција. И неприфатливо е што таквите пропусти веќе се карактеризираат како „значајна човечка грешка“. Сите одлуки треба да се прегледаат со целосна транспарентност. Ова е од витално значење за веродостојноста на идните одлуки бидејќи се однесува на сите клубови, треба да има прогрес со цел да се осигура дека ваквите работи нема да се повторуваат. Во меѓувреме ние ќе го истражиме опсегот на достапни опции, со оглед на јасната потреба за ескалација и решавање“, се вели во реакцијата на црвените.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ