Ливерпул за Мамардашвили ќе плати 35 милиони евра плус Валенсија ќе има процент од следната продажба.
Грузиецот ќе ги помине медицинските тестови и ќе потпише за Ливерпул, но ќе остане во Валенсија каде ќе игра на позајмица до крајот на оваа сезона.
Останувањето на Мамардашвили е лоша вест за Димитриевски кој ќе треба да седи на клупата на Валенсија или да најде нов клуб во наредните неколку дена.