сабота, 19 октомври 2024

Ливерпул го потврди трансферот на Киеза (ВИДЕО)

Ливерпул го потврди новото засилување, Киеза стави потпис на договор со црвените од Енфилд.

Објавено на

часот

Сподели

Трансфер сагата на Федерико Киеза траеше цело лето, на крајот тој заврши во Ливерпул кој одвои 15 милиони евра за да го купи италијанскиот фудбалер од Јувентус.

„Со задоволство може да соопштиме дека постигнавме договор со Јувентус за трансфер на Киеза“, стои во соопштението на англискиот клуб.

Киеза вели дека е пресреќен што потпишал за Ливерпул.

„Пресреќен сум што станав фудбалер на Ливерпул. Кога Ричард Хјус ми се јави и ми рече: Дали сакаш да дојдеш во Ливерпул? Јас веднаш реков да бидејќи ја знам историјата на овој клуб, не можам да дочекам“, изјави Киеза.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ