Многумина очекуваа спектакл на Енфилд, но Ливерпул и Манчестер јунајтед ги разочараа љубителите на фудбалот, големото дерби помеѓу лутите ривали заврши со почетниот резултат, 0-0.
Домаќините се тие кои има за што да жалат откако криреаа неколку добри шанси и шутнаа дури 34 пати, најмногу во нивната историја без притоа да постигнат гол.
Приликите на спротивната страна беа многу ретки, „ѓаволите“ упатија само еден удар во рамките на голот, не изведоа ниту еден корнер, но на крајот тоа беше доволно за Манчестер јунајтед да биде првиот тим кој освои бод на Енфилд оваа сезона.