недела, 20 октомври 2024

Ливерпул би можел да ја спаси ситуацијата на Димитриевски

Ливерпул е сериозно заинтересиран за грузискиот голман Мамардашвили и планира да ја плати сумата која ја бара Валенсија, а тоа значи дека Димитриевски ќе биде стартер во клубот од Местаља.

Објавено на

часот

Сподели

Димитриевски потпиша за Валенсија, но Мамардашвили уште е таму, доколку Грузиецот остане, македонскиот голман ќе треба да биде резерва или ќе треба да замине уште летово.

Сепак, целата ситуација во која се најде Димитриевски може да ја спаси Ливерпул. Валенсија сака да го продаде Мамардашвили за сума над 30 милиони евра и тоа наводно е прифатливо за „црвените“.

Доколку Ливерпул го купи Мамардашвили, планира веднаш да го прати на позајмица. Има неколку заинтересирани клуба кои сакаат да го позајмат, а еден од нив Борнмут кој веќе е информиран за таквата опција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ