понеделник, 21 октомври 2024

Литванија: НАТО не се откажа од идејата да ги соборува руските ракети над Украина

НАТО продолжува да ја разгледува можноста за соборување на руските ракети над Украина, кажа претседателот на Литванија Гитанас Науседа во Варшава.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Претходно полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски за Фајненшал тајмс кажа дека земјите кои граничат со Украина имаат обврска, без оглед на противењето на НАТО, да ги соборуваат руските ракети кои се приближуваат и пред да влезат во нивниот воздушен простор.

„Земјите од НАТО почнаа да разговараат на оваа тема. Денес не можеме да кажеме дека оваа дискусија е завршена и дека имаме некои конкретни резултати, но нашата коалиција заедно со други држави отвора такви разговори и сакаме одлуката за тоа да се донесе на ниво на НАТО“, кажа Науседа.

Од друга страна, полскиот претседател Анджеј Дуда кажа дека во НАТО „различни лидери имаат различен став за тоа прашање“ и дека за тоа постојано се расправа.

Тој напомена дека се разговарало само за решение ракетите да бидат соборени само од територија на една НАТО држава.

„За друго сценарио не се ни разговараше“, кажа Дуда.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ