среда, 19 март 2025

Лишени од слобода тројца крадци од Прилеп

Полициски службеници од ОВР Прилеп вчера во Прилеп ги лишиле од слобода Е.В.(27), Е.В.(47) и Г.Г.(30), сите од Прилеп.

Објавено на

часот

Сподели

Министерството за внатрешни работи соопшти дека при претреси во нивните домови, извршени со наредба од Основен суд Прилеп, биле пронајдени накит и други предмети кои потекнуваат од кривични дела „тешка кражба“, извршени во куќи во Прилеп.

„Предметите биле вратени на сопствениците, а лицата биле приведени во полициска станица. По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави“, информира МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ