четврток, 26 декември 2024

Лишени од слобода крадци кои оперирале во Tетовско

Полициски службеници од Полициското одделение Камењане, вчера во 11:35 и во 12:20 часот во тетовското село Боговиње ги лишиле од слобода Љ.З.(36) од село Боговиње и Е.Н.(32) од село Горно Седларце.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти денеска МВР, тие се сомничат дека во периодот од 01:00 до 06:00 часот извршиле тешка кражба во продажен објект сопственост на Н.И.(55) од село Боговиње, при што одзеле пари и повеќе производи.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ