петок, 18 октомври 2024

Лионел Меси ја доби осмата Златна топка

Лионел Меси по осми пат ја доби престижната награда Златна топка за најдобар фудбалер на годината, освоеното Светско првенство со Аргентина му го донесе ова големо признание.
 

Објавено на

часот

Сподели

Како што и претходно беше најавено, Лео Меси е добитникот на Златната топка за 2023 година. По освоеното Светско првенство, оваа престижна награда е како шлаг на тортата за Аргентинецот.

Златната топка во женска конкуренција ја доби Аитана Бонмати од Барселона.

Наградата за најдобар клуб на годината ја доби Манчестер Сити.

„Милер“ трофејот за најдобар напаѓач на година го доби Ерлинг Халанд.

Наградата „Јашин“ за најдобар голман ја доби Аргентинецот Емилијано Мартинез.

Винисиус Жуниор ја доби наградата „Сократ“ за борбата против расизмот и за едукацијата во Бразил.

„Копа“ тројфејот за најдобар млад фудбалер го доби Џуд Белингем.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ