сабота, 18 мај 2024
Парламентарни избори 2024

Лимани: И судски се докажа „бугарскиот воз“ на ДУИ во Липково

И одлуката на Управниот суд го потврди тоа што коалицијата Вреди го истакна, дека во Липково во првиот круг од претседателските избори имало полнење на избирачки кутии од страна на ДУИ, рече на прес-конференција Валбон Лимани од коалицијата Вреди и побара законско санкционирање на сторителите на изборната измама.

Објавено на

часот

Сподели

„Управниот суд ја прифати жалбата на коалицијата Вреди за гласачко место во Липково, каде што имало полнење на кутија од страна на блиски луѓе на носителот на листа на ДУИ во оваа зона, со техника позната како ‘бугарски воз’. Во судската одлука стои дека тужбата на кандидатот на претседателските избори во 2024 година, Арбен Таравари, е прифатена“, рече Лимани.

Според Лимани, со ова се докажува изборниот инженеринг на ДУИ на претседателските избори на 24 април и ги повика надлежните институции да постапат во случајот, како што нагласи, за кражбата на гласови и сторителите да се изведат пред правдата.

„По парламентарните избори нод 8 мај, режимот на ДУИ ќе се сруши. Коалицијата Вреди, како следна влада, ветува дека ќе го санкционира секој обид на владата во заминување да краде или купи гласови“, рече Лимани.

На забелешката дека ДУИ претендира да биде иден владин партнер повикувајќи се на обезбедување на бадентерово мнозинство, Лимани рече дека ДУИ е во коалиција со повеќе партии и етникуми, додека Вреди со четири албански партии.

„Никој нема да може да процени кој колку гласови добил за да има летитимитет да влезе во влада. Граѓаните на 8 мај ќе го кажат својот избор и потоа ќе имаме нова влада“, рече Лимани.

На новинарско прашање дали Вреди ќе се произнесе за поддршка на еден од двајцата претседателски кандидати во вториот круг од изборите, Лимани рече дека за тоа ќе се разговара во рамки на коалицијата.

„Сепак, на граѓаните останува правото дали и кому евентуално сакаат да дадат поддршка“, рече Лимани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ