сабота, 27 јули 2024
НБА

Лилард постави рекорд на своето деби за Милвоки (ВИДЕО)

Демјан Лилард имаше фантастично деби за Милвоки кој со 118-117 ја совлада Филаделфија, ЛА Лејкерс со 100-95 го победи Феникс.
 

Објавено на

часот

Сподели

Лилард постигна 39 поени на натпреварот со што постави рекорд на франшизата како најефикасен кошаркар на дебитантски меч за Милвоки. Рекордот досега го држеше Тери Камингс кој во 1984 година постигна 34 поени.

Адетокумбо со дабл-дабл го заврши натпреварот, имаше 23 поени и 13 скокови. Најефикасен кај Филаделфија беше Максеј со 31 поен, Убре даде 27 поени.

Лос Анџелес Лејкерс со 100-95 го совлада Феникс. Клучна за победата беше последната четвртина која Лејкерс ја добија со 28-11, направија пресврт и дојдоа до триумфот.

Ентони Дејвис беше најефикасен кај езерџиите постигнувајќи 30 поени, имаше и 12 скокови. Леброн Џејмс постигна 21 поен. Најефикасен кај Феникс и воопшто на мечот беше Кевин Дурент со 39 поени и 11 скокови. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ