сабота, 27 јули 2024
Добра вест пред дербито против Интер во ЛШ

Лил му заврши голема работа на Милан, Рафаел Леао конечно става потпис на нов договор!

Објавено на

часот

Сподели

Добра вест за Милан пред дербито против Интер во Лигата на шампиони, Рафаел Леао ќе стави потпис на нов договор.

„Росонерите“ долго време преговараа со Португалецот, често се шпекулираше дека напаѓачот би можел да замине од Сан Сиро, но конечно паднал дил.

Како што пренесува Газета дело Спорт, Лил завршил голема работа откако клубот од Франција се сложил да го подмири долгот (околу 22 милиони евра) кој Рафаел Леао го има кон Спортинг Лисабон.

Со ова прашање затворено, Милан и Рафаел Леао си подале рака за плата од 7 милиони евра по сезона, како и бонус за потпис од 2 милиони евра.

Новата соработка е до јуни 2028 година, а откупната клаузула ќе биде повисока од актуелната, која изнесува 150 милиони евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ