сабота, 27 јули 2024

Лидл доцни со отворањето на маркетите во Македонија, Косово, БиХ и Црна Гора

Германскиот синџир Лидл, кој треба да отвори маркети и во Македонија доцни со реализација на истите, не само во земјава, туку и на пазарите во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово. Босанскиот бизнис портал Бизнисинфо.ба проценува дека причината за ваквото доцнење е стратегијата на компанијата истовремено да отвори повеќе маркети на пазарот.

Објавено на

часот

Сподели

Лидл во Македонија основаше фирма во 2021 година, има отворено канцеларија и вработува работници, но засега почна да гради маркет само во Битола. Се подготвуваат локации во уште неколку градови. Неофицијално првите продавници во Македонија ќе се отворат во 2026 година.

Лидл уште лани требаше да отвори маркети на Косово. Но тоа до сега не се оствари.

И во Црна Гора најавено е отворање на маркети на Лидл. Таму канцеларијата е основана во 2021 година, досега се купени неколку парцели во Тиват, Бар и Беране, но засега не е отворен ниту една продавница.

Во Босна и Херцеговина досега е изграден само објект во Бјелина, се гради дистрибутивен центар во Лепеница кај Сараево, на неколку локации купено е земјиште, но маркет нема. Канцеларијата на Лидл во БиХ е отворена во 2021 година. 

Во Хрватска Лидл првите 13 маркети ги отвори во 2006 година, а канцеларијата ја основа во 2002 година.

Лидл во Србија се појави во 2010 година, но првите маркети беа отворени осум години подоцна.

Во Македонија во тек е нов оглас за вработвање во Лидл. Се бараат работници на неколку работни позициирегионален менаџер за продажба, виш регрутер, административен асистент и многу други работни места.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ